Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на пресконференција изјави дека ако мнозинството граѓани на референдумот се изјаснат за договорот со Грција и влез во ЕУ и НАТО, а притоа не се обезбеди потребниот цензус, тоа ќе биде земено предвид и процедурата ќе се врати во Собранието. Доколку пак има само еден глас повеќе кој е против референдумското прашање тогаш процедурата …