Home Живот и здравје Шминката во 2027 година: Впечатливи бои, металик сјај и драматични трепки

Шминката во 2027 година: Впечатливи бои, металик сјај и драматични трепки

Годинава во преден план беа природниот тен, нијансите блиски до бојата на кожата и дискретното истакнување на цртите на лицето. Трендовите за шминкање во 2027 година, пак, најавуваат спој од впечатливи бои, металик детали и нагласени очи, без притоа да ги потиснат топлите, неутрални тонови. Едно е извесно: ќе има повеќе простор за испробување поинакви изгледи. Виолетови сенки, кармини во неочекувани нијанси, драматични трепки и комбинирање руменило со бронзер се само дел од трендовите што го привлекуваат вниманието. Издвојуваме шест насоки за шминкање во 2027 година што вреди да ги следите, а меѓу нив можеби ќе ја најдете и инспирацијата за следниот изглед.

Каква шминка ќе носиме во 2027 година?

Виолетови сенки за освежување на секојдневната шминка

Виолетовата се наметнува како една од најинтересните бои за шминкање на очите, а изборот не се сведува на една нијанса. Од нежна лаванда и светли јоргованови тонови до заситени нијанси на слива и аметист, има доволно можности секој да го најде она што му прилега. За дневна варијанта, нанесете тенок слој сенка на капакот и нежно размачкајте ја со прсти или со четкичка за да добиете меки премини. За вечерен изглед, посилната боја и малку светки ќе дадат повпечатлив ефект. Во комбинација со свеж тен и неутрални усни, виолетовата сенка создава изглед што е истовремено забележлив и елегантен, погоден и за преку ден и за вечерни пригоди.

Трендови во шминкањето за 2027 година

@mrdanielmakeup

Сребрени тонови и студен металик сјај

Сребрените сенки и металик деталите повторно го привлекуваат вниманието, но во 2027 година нема да бидат наменети само за посебни пригоди. Овој тренд опфаќа студени, светкави нијанси што ја одбиваат светлината: од сребрена и ледено сина до бисерни тонови. На ревијата на „Диор“, шминкерот Питер Филипс нанесе сребрени детали на надворешните агли на очите, додека на ревиите на „Шанел“ се истакнаа металик линии во златни и сребрени нијанси. За секојдневна примена, доволно е малку сребрена сенка во внатрешниот агол на окото или на средината на капакот. Ако сакате посилен впечаток, пробајте металик ајлајнер или сенка со хромиран ефект. Остатокот од шминката нека биде ненаметлив, за очите да останат во преден план.

Шминка со студени металик нијанси

@dianecaranica

Кармини во бои што изненадуваат

За оние на кои им здодеале класичните црвени кармини и нијансите блиски до природната боја на усните, трендовите за 2027 година нудат повод за промена. Виолетовата, јарката розова и портокаловата ќе внесат свежина во шминкањето и разиграност во секојдневниот изглед. Иако на прв поглед може да изгледаат тешки за комбинирање, овие бои не бараат сложена шминка на остатокот од лицето. Напротив, најдобро доаѓаат до израз со благо изедначен тен, дискретно истакнати трепки и минимално нашминкани очи. Ако сè уште не сте подготвени за поголема промена, одберете кармин со подтон сличен на вашиот омилен, но во малку поинтензивна нијанса.

Впечатливи нијанси на кармин за 2027 година

@chanelofficial

Поглед што привлекува внимание: Впечатлив ајлајнер и драматични трепки

Очите повторно стануваат главниот акцент во шминкањето, а овој тренд остава малку простор за незабележливи детали. Погледот може да се истакне на повеќе начини: со графички линии и необични форми исцртани со ајлајнер или со изразито долги, густи и нагласени трепки. За дневен изглед, извлечете ја линијата на ајлајнерот нанадвор или истакнете ги надворешните агли на очите. За вечерно излегување, можете да додадете вештачки трепки или да експериментирате со графички форми. Најважно е погледот да биде впечатлив, дури и кога остатокот од лицето е минимално нашминкан.

Нагласени очи и драматични трепки


Извор: Lepota i Zdravlje

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Дневен хороскоп за 20 ноември 2026: Време е еден знак да го направи првиот чекор

Денот носи желба конечно да се придвижат работите, но и предупредување да не се избрзува. …