
Марлон Џексон проговори за своето здравје и откри дека веќе неколку години живее со рак на простатата во четврти стадиум.
Шеесет и деветгодишниот пејач, познат како член на „Џексон 5“, во кој настапуваше со својот покоен брат Мајкл Џексон, ја сподели веста во подкастот на Фара Шамас, во епизодата објавена во вторникот, на 17 ноември.
Марлон кажа дека дијагнозата му била поставена пред околу четири години, но ги увери обожавателите дека по лекувањето се чувствува добро.
„Имам рак веќе четири години“, рече тој, појаснувајќи дека станува збор за рак на простатата во четврти стадиум.
И покрај сериозноста на болеста, пејачот зборуваше со оптимизам за своето здравје и за иднината.
„Одлично сум. Добро сум“, изјави тој, а потоа се пошегува: „Лоша трева не гине, па уште долго ќе бидам тука“.
Како се чувствува Марлон Џексон сега?
Во разговорот откри дека му била хируршки отстранета простатата и дека примал зрачна терапија.
Музичарот вели дека останува физички активен и редовно вежба. Четирипати неделно пешачи по речиси шест и пол километри.
„Сè е во ред. Сè е одлично“, рече тој.
По дијагнозата ја променил и исхраната, па сега повнимателно избира што јаде.
Марлон истакна дека верата и поддршката од луѓето што се молат за него му помагаат да се справи со здравствените предизвици.
Тој раскажа и дека неговиот лекар му дал охрабрувачки информации за тоа како реагира на терапијата. Сепак, не прецизираше дали болеста во моментов е во ремисија или дали повеќе нема рак.
Пејачот се прослави како еден од првичните членови на „Џексон 5“, заедно со браќата Мајкл, Џеки, Тито и Џермејн Џексон.
Мајкл почина во 2009 година, на 50-годишна возраст, а Тито во септември 2024 година, на 70 години.
Претходно годинава, Марлон заедно со членови на своето познато семејство присуствуваше на премиерата во Лос Анџелес на биографскиот филм „Мајкл“, во кој неговиот внук Џафар Џексон го толкува Мајкл Џексон.
Извор: Just Jared