Home Шоубизнис Анѓелка сподели романтични фотографии со сопругот: „Нема планина на која не би се искачила за тебе“

Анѓелка сподели романтични фотографии со сопругот: „Нема планина на која не би се искачила за тебе“

Анѓелка и Марко Жугиќ уживаат во времето поминато заедно, далеку од секојдневните обврски. Актерката сподели дел од нивното патување на Инстаграм и им овозможи на следбениците да ѕирнат во нивните романтични мигови.

Неколкуте објавени фотографии ја доловија блискоста меѓу сопружниците и предизвикаа низа позитивни реакции.

Анѓелка

Насмевки, прегратки и нежни бакнежи го одбележаа нивното најново патување, на кое, се чини, решиле да ги остават другите обврски настрана и целосно да си се посветат еден на друг.

Опкружени со прекрасни глетки покрај морето, Анѓелка и нејзиниот сопруг не криеја колку им годат заедничките моменти.

Анѓелка и Марко Жугиќ

Освен фотографиите, внимание привлече и емотивната порака што актерката му ја посвети на сопругот.

„Кажи дека ја сакаш Месечината – гледај како учам да летам. Нема планина што би ми ја покажал, а на која јас не би се искачила“, напиша Анѓелка. Многумина ги доживеаја нејзините зборови како прекрасна љубовна посвета.

Анѓелка и Марко Жугиќ на патување

Со оваа објава актерката повторно покажа колку ѝ значи партнерот со кого го дели семејното секојдневие. Иако Анѓелка и Марко најчесто ја чуваат приватноста подалеку од јавноста, таа повремено споделува интимни мигови што откриваат колку е среќна во љубовта.

Со Марко посакала уште едно дете

Врската со Марко отворила ново поглавје во животот на Анѓелка. Актерката претходно раскажала дека, по своето претходно искуство, мислела оти нема повторно да стане мајка. Тоа се променило кога го запознала човекот со кого посакала да го прошири семејството.

„Мислев дека повеќе нема да раѓам, а потоа се вљубив. На овие години воопшто не станува збор за мојата желба да се остварам како мајка. Тоа го сфатив во моментот кога ја најдов личноста со која сакав да се поврзам и на тоа ниво. Кога сфатив дека со него сакам да имам дете“, изјавила Анѓелка во една пригода.

Денес Анѓелка и Марко заедно ја одгледуваат ќеркичката Чарна, а актерката од првиот брак го има синот Јакша. Нивната семејна приказна зборува за љубовта, новите почетоци и подготвеноста да му се даде нова шанса на животот.


Извор: Story.rs

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Мери Козби откри што не виделе гледачите пред нејзината жестока расправија со Енџи

Мери Козби тврди дека гледачите на „Вистинските домаќинки од Солт Лејк Сити“ не ја знаат ц…