
Џема Чен одговори на предлозите на обожавателите да ја видат како Бонд-девојка.
На 43-годишната британска актерка акциските улоги не ѝ се непознати: досега настапуваше во „Капетан Марвел“, „Вечните“ и „Џек Рајан: Регрут од сенка“.
Откако беше објавено дека Роберт Патинсон ќе биде следниот актер во легендарната улога на Џејмс Бонд, Чен беше прашана дали би прифатила да игра Бонд-девојка.

„Ми ласка тоа и, секако, би прифатила“, изјави Чен за „Вараети“. „Станува збор за култен филмски серијал и многу ме радува што работите сега се придвижуваат.“
Актерката додаде дека би била заинтересирана и да игра негативка.
Чен веќе е поврзана со светот на Бонд: ја толкуваше докторката Селина Тан во видеоиграта „007 First Light“.
Меѓу актерките што досега се појавиле како Бонд-девојки се Џејн Симор, Урсула Андрес, Хали Бери, Олга Куриленко, Леа Сејду и Ана де Армас, како и Мишел Јео, со која Чен играше во „Лудо богати Азијци“.
Во меѓувреме, во Ејч-би-о се подготвува серија што ќе ја продолжи приказната на „Лудо богати Азијци“. Веќе е потврдено дека четворица актери ќе се вратат во своите улоги.
Името на Чен не се најде на тој список, што ги изненади обожавателите кои се надеваат дека ќе го видат продолжението на приказната на нејзиниот лик по крајот на филмот.
Извор: Just Jared