Откриен ентериерот на најбрзиот сериски автомобил


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според овие фотографии, вака ќе изгледа ентериерот на автомобилот кој би требало да биде побрз од Bugatti Chiron.

Како што е познато, во прашање е Hennessey Venom F5, кој на почетокот од овој месец, за јавноста, беше претставен на SEMA.

Ова е прва прилика да ѕирнеме во внатрешноста на легендарниот „ѕвер“ на четири тркала. Тркачкиот управувач ги има сите контроли, вклучително и оние за промена на степенот на преносот. Прашање е, за што служи копчето Boost.

Сите информации возачот ќе ги добива преку дигитален кокпит, а на располагање ќе има и централен информациски екран. Сето тоа е спакувано во комбинација со алкантара и карбон.

За крајниот ефект, секако, ќе треба да ги почекаме вистинските фотографи, како и снимката од првото крукче, кога се очекува и обидот за рушење на брзинскиот рекорд.