Home Спорт Одлично повторно деби на Роналдо за Манчестер Јунајтед со два гола против Њукасл

Одлично повторно деби на Роналдо за Манчестер Јунајтед со два гола против Њукасл

Манчестер Јунајтед денес го одигра натпреварот против Њукасл кој беше во центарот на вниманието поради враќањето на Роналдо.

„Црвените ѓаволи“ одиграа фантастичен натпревар, а навивачите посебно ги радуваат двата гола на Кристиано Роналдо. Од самиот старт на натпреварот се гледаше желбата кај Роналдо да се запише во листата на стрелци, а тоа се случи во самиот финиш од полувремето. На пауза Јунајтед замина со предност од 1:0.

Во второто полувреме Њукасл успеа да дојде до изедначување преку Манкиљо, но потоа повторно на сцена стапи Роналдо.

Во 62. минута Роналдо по додавањето од Шо го постигнува вториот гол на натпреварот за 2:1. Натпреварот беше решен кога Бруно Фернандеш на десет минути пред крајот стрелаше за 3:1.

Точка на натпреварот стави Џеси Лингард после една одлична акција во судиското продолжение за конечни 4:1.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…