Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон и стигна до својот 20-ти Грен слем трофеј во кариерата.
Ѓоковиќ во финалето беше подобар од Беретини и тоа со 6:7,6:4,6:4,6:3. Со овој трофеј Ѓоковиќ се израмни со Надал и Федерер кои исто така имаат 20 Грен слем титули.
Мечот започна добро за Беретини кој иако губеше со 5:2 успеа да направи пресврт и го освои со 7:6.
Потоа Ѓоковиќ го зголеми нивото на игра и ја оправда фаворитската улога. Следните два сета ги освои со идентичен резултат 6:4, а последниот сет го доби со 6:3.
🏆 2011
🏆 2014
🏆 2015
🏆 2018
🏆 2019
🏆 2021#Wimbledon | @DjokerNole pic.twitter.com/UrFvlsgIzY— Wimbledon (@Wimbledon) July 11, 2021