Ноле, алал да ти е!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес во полуфиналето на престижниот Ролан Гарос ќе игра нов епски дуел против Рафаел Надал, а во меѓувреме стигна и да помага на другите тенисери кои имаат тековни проблеми во животот.

Ривалот на Ноле од осминафиналето на францускиот Грен Слем, Лоренцо Мусети, до 21 јуни ќе мора да се врати во Италија за да заврши средно школо. Челниците на училиштето во Карара, во кое учи Мусети, немаат намера да му попуштат поради неговата тенисерска кариера, па Мусети нема да може да игра ни во Хале, ни во Квинс, а поради поради протоколите беше под знак прашалник како ќе стигне и на Вимблдон.

Меѓутоа, според написите на италијанскиот сајт Ubitennis, во пресрет за помош на Мусети му излегол токму Ноле, кој одлучил да му помогне на својот противник кој го измачи во борбата за четвртфиналето.

 

Мусети не смее да има ниту еден позитивен пациент на Ковид-19 за време на неговиот лет, доколку не сака да заврши во карантин. А имајќи во предвид дека во Лондон може да лета дури на 23. јуни, нема време кога да ги „одлежи“ двете карантински седмици.

Поради тоа, Ѓоковиќ на младиот Мусети му го понудил својот приатен авион со кој тој би одлетал заедно со неговиот тренер во Италија и би се вратиле за да го фатат Вимблдон.