Noire Sportive и Noire Élégance – две нови верзии на Bugatti Chiron


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Bugatti воведува две нови верзии на Chiron, Noire Sportive и Noire élégance, и двете се наводно инспирирани од уникатниот La Voiture Noire со што му оддава почит на легендата, Type 57 SC Atlantic.

Дизајнот се одликува со високо-сјаен карбонски финиш и нов дизајн на предната решетка. Доминантно место ја добива ознаката Bugatti, сега направена од сребро. Клиентот исто така може да смета на нов дизајн на тркалата и сопирачки со црна боја. Внатре, црната кожа и ознаките со специјален дизајн се наоѓаат на тактички позиции – прагови, централна конзола и потпирачи за глава.

Chiron Noire Sportive оди во иста насока, но наместо сјаен, претпочита мат финиш, однадвор и однатре.

И сега цената. Bugatti ќе ги понуди гореспоменатите измени за само 20 примероци по почетна цена од 3 милиони евра со првите испораки во вториот квартал на 2020 година. Преведено, ако сакате веќе да го добиете Chiron, ќе платите три милиони евра за да ја добиете декорацијата.

Истите додатоци им се нудат на сите оние клиенти кои веќе нарачале Chirona Sport. За Noire ќе мора да се доплати околу 100.000 евра.