На сите во супермаркет им ги плаќаше сметките на каса – а тогаш дознаа и која е


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Русокоса жена со косата врзана на темето и облечена во најобична облека, ги изненади муштериите во еден од супермаркетите на „Волмарт“ во Палм Спрингс на 27 ноември, Денот на благодарноста.

Жената дојде во касата, се претстави како Сиси и изјави дека штотуку добила на лотарија. Пред да се свестат луѓето, таа почнала да ги плаќа нивните сметки за продукти, пренесува CBS News.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sia Music Chile 🇨🇱 (@siamusicchile) on

Никој не знаел што се случува и од каде е таа жена, по што станаа уште позбунети кога едно девојче се приближи до неа и ја замоли да бидат фотографирани заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sia Music Chile 🇨🇱 (@siamusicchile) on

Во тој момент се откри дека непозната жена е всушност пејачката Сиа, најпозната по нејзиниот хит. Причината зошто никој веднаш не ја познал беше нејзината љубов кон огромните перики што и покриваат добар дел од лицето на црвениот тепих, што ги оневозможи дури и најголемите обожаватели да не можат да ја препознаат 43-годишната музичарка.

„Мило ми е што го направи тоа не затоа што ја препознавме, туку затоа што таа е навистина добра личност“, коментираа луѓето од продавницата.

Пејачката ги изненади фановите во октомври кога откри дека страда од ретка невролошка болест, синдромот Ехлер-Данлос.

Тоа е наследна колагенска болест која се карактеризира со прекумерна подвижност на зглобовите, прекумерно истегнување на кожата и слабост на сите ткива.

Покрај песните што ги пее самата, Сиа е автор на хитови на Бијонсе, Кајли Миног и Ријана. Нејзината соработка со Фло Рид на „Wild Ones“ беше на 5-то место на листата „Билборд Топ 100“, станувајќи 10-та најпродавана песна за 2012 година во светот.