Ништо од нова тениска историја: Ѓоковиќ поразен во финалето – Медведев го освои УС Опен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ го загуби можеби за него најзначајниот меч во кариерата, Данил Медведев одигра перфектно победи со 3-0 и го освои својот прв грен-слем турнир во кариерата.

Ако Новак Ѓоковиќ го победеше финалето на УС Опен ќе беше првиот тенисер по Род Лејвер во 1969 година кој успеал да ги освои сите четири грен-слем турнири во една календарска година.

Новак со трумф ќе ги поминеше Федерер и Надал по бројот на освоени грен-слем турнири, но тоа не се случи, на патот му застана Данил Медведев.

Медведев одигра фантастичен меч, победи со 3-0 во сетови, 6-4, 6-4 и 6-4 и со само еден загубен сет на турнирот го освои својот прв грен-слем трофеј.

Ѓоковиќ ќе има други шанси за да ги помине Федерер и Надал по бројот на освоени грен-слем титули, но се чини дека тешко може да дојде до уште една шанса за календарски грен-слем.