Неверојатен дуел меѓу Мареј и Кокинакис: Играа епски 5 часа и 45 минути – Мареј со луд пресврт од 0:2 до победа со 3:2 (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


35-годишниот шкотски тенисер Енди Мареј кој на времето беше дел од големата четворка со Федерер, Надал и Ѓоковиќ, со години мака мачеше со незгодни повреди поради кои пропушти многу тениски дуели. Не треба да се заборави и дека има вграден вештачки железен колк на себе.

Мареј во Мелбурн направи чудо против домашниот тенисер Танаси Кокинакис.

Шкотскиот тенисер губеше 0:2 во сетови и на крај направи луд пресврт па после 6 часа тенис славеше 3:2 по сетови 4-6, 6-7, 7-6, 6-3, 7-5. (осум минути ги делеа Мареј и Танаси Кокинакис од епскиот рекорд од финалето во 2012-та меѓу Ѓоковиќ и Надал кои играа 5 часа и 53 минути. Енди и Кокинакис одиграа точно 5 часа и 45 минути).

Ова и официјално влезе во книгите како еден од најдолгите натпревари на турнирите и најдолг во 18-годишната богата кариера на Енди Мареј. Првпат се пласираше во трето коло на Австралија Опен после цели шест години.

Крајно изморен после мечот, Шкотланѓанецот најде сили за хумор. На прашањето на водителот Фицџералд како успеал да се врати од минус два сета, Мареј изјави: „Имам големо срце“, на што водителот му рече: „Ако смеам, мислам дека имаш сè големо“, „Жена ми не би рекла“, ја насмеа Мареј публиката.

Фицџералд се пошегува дека Мареј е малку чуден тип, па ветеранот додаде: „И жена ми тоа често го вели“.

Кога констатираа дека играле скоро шест часа, Мареј кажа:

„Не знам навистина кому му одеше во прилог. Ова заврши како фарса. Чудно но луѓе седеа до крај на мечот и навистина го ценам тоа што направија таква атмосфера на крајот. Некои луѓе очигледно мораше да одат на работа следниот ден и сето тоа. Да беше мое дете задолжено за топчињата на турнир и да дојдеше дома во пет часот изутрина, јас како родител би се бунел. Не беше добро ни за тие што фаќаат топки, ни за судиите, ни за делегатите. Не беше прекрасно ниту за навивачите, не е ниту за играчите“.

Извор: ОффНет