Американската влада го удри плафонот со задолжување – САД технички се банкротирани


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Благодарение“ на несогласувањата на републиканците и демократите во долниот дом на американскиот Конгрес, американската влада го достигна лимитот на задолжувањата од 31,4 билиони долари, што за неколку месеци може да доведе до фискална криза.

Министерката за финансии Џенет Јелен го информираше Конгресот, вклучувајќи го и претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти, дека нејзиното министерство почнало да користи вонредни мерки со управувањето со готовината кои би можеле да го одложат банкротот до 5 јуни.

Републиканците, со неодамна освоеното мнозинство во Претставничкиот дом, имаат цел да го искористат времето сè додека не се исцрпат вонредните мерки на министерството за финансии за да добијат намалување на потрошувачката од Бајден и Сенатот предводен од демократите.

Претставници на приватните корпорации и најмалку една агенција за кредитен рејтинг предупредија дека долготраен судир би можел да ги разниша пазарите и да ја наруши и онака разнишаната глобална економија.

Јелен предупреди дека датумот во јуни е подложен на „значителна неизвесност“ поради предизвиците во предвидувањето на државните исплати и приходите во идните месеци.

„Со почит го повикувам Конгресот да дејствува брзо за да ја заштити целосната доверба и кредит на Соединетите Американски Држави“, им порача Јелен на лидерите на Конгресот во писмо.

Сепак, нема знаци дека републиканците или демократите се спремни да попуштат, јавува Ројтерс.