Нено ни сам не знае како влезе ова (снимка)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нено Димитријевиќ синоќа постигна кош од половината на македонската кошаркарска репрезентација и донесе победа на Македонија над Данска од 73-70 во првиот меч од претквалификациите.

Димитријевиќ беше вистински предводник во победата, покрај клучната тројка за победа, тој постигна и 29 поени со кои беше убедливо најдобар во нашиот состав.

„Одлична тимска работа. Секој даде свој придонес во оваа особено важна победа, која како што реков и порано, е особено значајна затоа што доаѓа на стартот на циклусот“, изјави Димитријевиќ по мечот.

„И во тешки моменти, кои ги имавме на овој натпревар, останавме заедно и фокусирани. Знаевме да одговоривме на нивната серија, останавме мирни кога требаше…“.

Неговата тројка од нашата половина беше посебна приказна, вели дека не знае да го опише тој шут.

„Не знам како би го опишал. Најважно е дека топката влезе низ обрачот. Како, не знам ни јас самиот. Се обидов, погодив, победивме, тоа останува. Одиме понатаму. Во недела нè чека Словачка, ова го оставаме зад нас“.