Зеленски обвинува: Светот за влако избегна нуклеарна катастрофа поради руското гранатирање на НЦ Запорожје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека светот за влакно избегнал катастрофа со радијација, бидејќи струјата на украинската нуклеарна централа Запорожје била прекината со часови поради руското гранатирање во областа, што пак Москва го негираше.

Зеленски рече дека руското гранатирање предизвикало пожари во јамите за пепел на блиската електрана на јаглен, што ја исклучило струјата во реакторскиот комплекс, најголемиот таков објект во Европа. Помошните дизел генератори обезбедиле снабдување со електрична енергија што е од клучно значење за системите за ладење и безбедност на централата, рече Зеленски, пофалувајќи ги украинските техничари кои работат со централата под надзор на руската војска.

„ Доколку персоналот на нашата нуклеарна централа не реагираше по прекинот на електричната енергија, ќе бевме принудени да ги надминеме последиците од несреќата со радијација“, рече тој во вечерното обраќање. „ Русија ги стави Украина и сите Европејци на работ на катастрофа со радијација“.

Владимир Рогов, службеник назначен од Русија во окупираниот град Енерходар во близина на централата, ги обвини украинските вооружени сили за шумскиот пожар во близина на централата. Тој рече дека градовите во областа биле без струја неколку часа.

„ Тоа беше предизвикано од исклучувањето на далноводот и нуклеарната централа Запорожје како резултат на провокациите на борците на Зеленски“, напиша Рогов на Телеграм. „ Самото исклучување беше предизвикано од пожар и краток спој на далноводите“ додаде тој.

Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ соопшти дека тоа е прво целосно затемнување на централата, која стана точка на удар во шестмесечната војна.

Обединетите нации бараат пристап до објектот и повикаа областа да се демилитаризира. Официјални лица на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се „многу, многу блиску“ до посета на Запорожје, изјави вчера главниот директор на агенцијата Рафаел Гроси.