Home Спорт „Не сум расист“: Арнаутовиќ упати извинување на македонски и на албански за испадот на дуелот меѓу Австрија и Македонија

„Не сум расист“: Арнаутовиќ упати извинување на македонски и на албански за испадот на дуелот меѓу Австрија и Македонија

Австрискиот фудбалер Марко Арнаутовиќ вчера беше во центарот на вниманието по навредите упатени кон Алиоски на мечот против Македонија.

Арнаутовиќ го постигна третиот гол за Австрија, а потоа влезе во вербален конфликт со Алиоски. Медиумите открија дека имало навреди на националистичка основа.

Многумина го обвинија Арнаутовиќ и за расизам. Тој денеска се извини за неговиот гест и ги отфрли таквите обвиненија.

„Вчера имаше некои жестоки зборови кажани во емоции на натпреварот за кои би сакал да се извинам, посебно на моите пријатели од Македонија и Албанија. Би сакал да кажам една работа јасно: Не сум расист! Имам пријатели од речиси секоја земја и се залагам за различности. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете“, напиша Арнаутовиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…