Не сте го виделе ваков: Меси кон Мина откако Колумбиецот промаши пенал: „Играј сега! Играј сега!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси со репрезентацијата на Аргентина ќе игра во финалето на Копа Америка каде што противник ќе им биде Бразил.

„Гаучосите“ во одличен натпревар после пенали ја совладаа Колумбија со 3:2 (1:1) и така обезбедија финале. Меси во овој натпревар доби прилично добар „ќотек“ во дуелите, а доказ за тоа е и неговиот зглоб.

Тоа сигурно придонесе да биде исфрустриран, па имаше жестока реакција кон Јери Мина во пенал серијата. Мина често пати неговите голови ги слави со танц пред ТВ камерите и публиката и Меси тоа очигледно го знае.

Откако Емилијано Мартинез го одбрани пеналот на Мина Меси жестоко реагираше.

„Играј сега! Играј сега!“, извикуваше Меси кон Мина.

Во финалето кое се игра во сабота на 11. јули Меси ќе има прилика да го подигне својот прв голем трофеј со Аргентина.