Навивачите му порачаа на Ливерпул: „Отсега чекориш сам“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Незадоволни од одлуката нивниот омилен клуб да биде дел од најавената елитистичка фудбалска Суперлига, навивачите на Ливерпул јавно го изразија својот револт и разочарувањето.

Тие започнаа со отстранување на сите знамиња и транспаренти кои го прекриваа „Енфлид“ во време на пандемијата. Навивачите своите реквизити ги оставија на трибините во знак на поддршка на клубот за периодот кога нема да можат да бидат на стадионот.

Јасно е дека со овој потег тие покажуваат дека не сакаат да го поддржуваат клубот во одлуката да се приклучи кон Суперлигата.

Претходно протести најавија навивачите на Арсенал и Манчестер Сити, очигледно може да видиме обединување на фудбалските фанови против еден голем проект.