Најпосакуваната куќа за одмор: Викенд чини 540 евра, а резервирана е со години однапред


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кулата Клавел (Clavell Tower) е куќа за одмор во Велика Британија која секогаш е букирана речиси две години однапред. Ако сакате да престојувате во ова здание, прв слободен термин моментално е во февруари, 2020 година. Ако тој месец не ви одговара, тогаш ќе мора уште да чекате, бидејќи нема слобдни термини до август истата година.

Резервациите се отвораат два пати годишно, а досегашната пракса покажа дека се доволни само пет минути за да се пополнат и резервираат сите термини. И на тој принцип кулата функционира веќе десет години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Two for Joy Paper Studio (@twoforjoypaper) on

„Спектакуларната Клавер кула уште е едно од најбараните знаменитости во Британија, иако нашата компанија нуди сместување во 199 импозантни знаменитости ширум цела Велика Британија“, вели портпаролот на Landmark Trust, после последниот успешен круг резервации.

Кулата која ги инспирирала некои од најпознатите писатлеи како Томас Харди, изградена е во 1830 година, на работ од заливот Кимериџ. Од неа се пружа прекрасен поглед на дорсетскиот брег, а цената за еден викенд таму е околу 540 евра. Гостите на располагање имаат бања, дневна соба и кујна на четири нивоа, а најубаво место во кулата е кружниот балкон од каде можете да го гледате морето.

Интересно е тоа што Џон Ричардс Клавел ја изградил кулата како опсерваторија на карпа, а токму поради тоа кулата била во опасност од рушење. Имено, карпата еродирала и станало сè поизвесно дека кулата ќе се сруши. Бидејќи не се случило тоа, пред десет години, со преместување на камен по камен од нејзината конструкција, вкупно 16.272 камења,целата кула беше пренесена на безбедно место.

Секој камен е фотографиран и нумериран, со цел после преместувањето да се најде на своето место. Цената за преместувачкиот потфат чинела околу 1 милион евра, а доколку кулата останеше на старото место, ќе се срушеше за отприлика пет години. Предвидено е дека сега може да издржи дури 200 години.

Томас Харди овде престојувал со првата љубов, Елиза Николс, додека П.Д. Џејмс кулата го инспирирала да го напише романот „Црната кула“, откако прв пат ја видел во 1973 година.