Home Спорт Мурињо откри кој фудбалер може да си замине од Јунајтед!

Мурињо откри кој фудбалер може да си замине од Јунајтед!

Манчестер Јунајтед не донесе ниту едно засилување во зимскиот преоден рок, а клубот го напуштија Морган Шнедерлин и Мемфис Депај.

Сепак, медиумите на Островот се погласно шпекулираат дека до крајот на преодниот рок и Вејн Руни може да го напушти „Олд Трафорд“ бидејќи има богата понуда од Кина.

Мурињо го демантираше таквите гласини и порача дека единствениот фудбалер кој што може да ја напушти Јунајтед до крајот на јануарскиот преоден рок е Ешли Јанг.

„Единствениот фудбалер за кој што знам дека би можел да го напушти клубот и за кого го чекам 31-ви јануари е Ешли Јанг. Тоа е фудбалер кој што би сакал да го задржам, но тој може да си замине затоа што не добива голема минутажа“, откри Мурињо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…