Home Шоубизнис Џејми Дорнан: Роден сум да бидам татко на ќерки

Џејми Дорнан: Роден сум да бидам татко на ќерки

Џејми Дорнан проговори за татковството и за тоа како е да се одгледуваат три ќерки.

44-годишниот актер неделава гостуваше во „Шоуто на Дру Баримор“ заедно со Ентони Меки, неговиот колега од „12 12 12“, и раскажа за своето родителско искуство.

Дорнан и неговата сопруга Амелија Ворнер имаат три ќерки: Далси, родена во ноември 2013 година, Елва, родена на почетокот на 2016 година, и Алберта, родена на почетокот на 2019 година.

Џејми Дорнан во „Шоуто на Дру Баримор“

Зборувајќи за тоа како е да се биде татко на ќерки, Џејми рече: „Не е за луѓе со слаби нерви, така ќе кажам. Но, слушајте, јас само тоа го знам. Татко сум на ќерки, роден сум да бидам татко на ќерки. Тоа е моето, за тоа сум тука, не знам. Едноставно, таква ми е судбината, да бидам опкружен со…“

Актерот доби и прашање каков совет би им дал на другите татковци што имаат ќерки.

Џејми Дорнан за време на гостувањето кај Дру Баримор

„Само слушајте ги, слушајте што ви кажуваат“, порача Џејми. „Сите се толку различни. Мислам дека како родители многупати се обидуваме да примениме ист пристап за сите, но во родителството нема еден пристап што одговара на секое дете. Сите три наши девојчиња имаат толку различни карактери. Затоа не можете едноставно да кажете: ’Вака е и готово‘, туку треба да застанете и да забележите: ’Добро, чекај, ти реагираш поинаку на тоа…‘“


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Анастасија со емотивна честитка за 35. роденден на Немања Гудељ: „Најубавиот подарок веќе го доби – нашиот син“

Немања Гудељ вчера наполни 35 години, а роденденот го прослави со посебна радост откако не…