Home Спорт Му го загорчи приватниот живот: Оливер скапо го плаќа пеналот досуден за Реал Мадрид

Му го загорчи приватниот живот: Оливер скапо го плаќа пеналот досуден за Реал Мадрид

Британските полициски служби иницираа истрага за заканите кои ги добива сопругата на фудбалскиот судија Мајкл Оливер, кој уште е во центарот на вниманието на јавноста поради досудениот контроверезен пенал во ¼ финалето помеѓу Реал Мадрид и Јувентус.

Оливер во третата минута од судиското продолжение досуди пенал за „кралевите“ кој во погодок го претвори Кристиано Роналдо и со тоа на Реал му обезбеди пласман во полуфиналето.

Англискиот судија доби жестоки критики од целиот фудбалски свет, но одредени медиумите пренесуваат дека критиките отишле предалеку и прераснале во закани. Англичаните тврдат дека сопругата на Оливер, Луси добила смртни закани откако на друштвените мрежи бил објавен нејзиниот телефонски број.

Покрај заканите преку телефон, се наведува и дека доцна во ноќта група на револтирани фанови тропале на вратата од нивниот дом и ги навредувале со се што им паднало на памет.

Треба да се истакне дека како и нејзинот сопруг и Луси Оливер е судијка, таа суди натпревари на фудбалерки од пониските лиги во Англија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Мекена Грејс во Мадрид со цветен фустан во чест на Џенифер Лоренс

На мадридската премиера на новиот филм од „Игрите на гладните“, Мекена Грејс се појави во …