Мистер Радомир Антиќ – легенда во три клуба и три различни земји


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот свет видел многу трофејни, харизматични, стимпатични и антипатични тренери, но не видел многу од оние на кои титулата „господин“ им стои како на Радомир Антиќ. Веста за смртта на 71 годишниот стратег предизвика реакции ширум светот. Од Антиќ се простуваат бројни славни фудбалери, најголемите клубови во светот и фудбалските сојузи.

Реакции за смртта не се само за да се испочитува познатото „за починатите се најдобро“. Она што го објавија Атлетико, Реал Мадрид, Барселона и Лутон како и посветите од останатиот дел од светот покажуваат дека навистина замина една голема легенда. Може ли некој да каже за Антиќ дека не е голем ако се знае дека тој е единствениот тренер во историјата кој бил тренер на трите шпански гиганти: Реал, Атлетико и Барса.

Човекот кој сите го нарекуваа Мистер

Едноставно е. Вие мора да се посебен човек ако сте успеале да ги водите трите гиганти и на сите три адреси да бидете сакан и почитуван. За таков уникатен успех, потребни се човечки особени какви што ретко се гледаат.

Србија пред и после него нема некои кој знае какви резултати. Со него избори настап на Мундијалот во 2010 година, а таму ја сруши Германија. Да се направи таков успех покрај хаосот кој владееше во тие години во Србија треба да имате силен карактер кој го одликуваат смиреност и господски манири.

Но, Антиќ е невозможно да го гледаме само низ призмата на фудбалски тренер. Тој пред тоа во наизглед скромната играчка кариера остави печат кој ќе се памети и поради тоа некој прв пат го прогласи за легенда.

После периодот во Слобода од Ужице и Партизан со кој во 1976 година беше шампион на Југославија, Антиќ помина две години во Фенербахче, а потоа во 1978 година премина во Лутон кој тогаш се натпреваруваше во вториот ранг во англискиот фудбал. Во овој мал, но 134 години стар клуб Антиќ остави длабока трага.

Прво во 1982 година со клубот се избори за пласман во најсилната англиска лига, а потоа во псоледното коло во сезоната 1982/1983 во натпреварот против Манчестер Сити влезе од клупата и постигна победнички гол со кој Лутон остана во лигата. Со тој гол го запиша своето име во легендите на англискиот клуб кој од 1996 година води борба низ пониските лиги во Англија.

Како што ги освојуваше човечките срца, Антиќ истото го правеше и како тренер. Со две години работа во Реал Сарагоса, Реал Мадрид тропна на неговата врата. Српскиот стратег ни помалку, ни повеќе на клупата на „кралевите“ го наследи – Алфредо Ди Стефано. Реал го презема во вториот дел од сезоната 1990/1991 кога „Галактикосите“ беа во голема криза. Успеа да го крене тимот и да покаже дека заслужува доверба од клубот. Сезоната ја заврши со побед против Барселона во „Ел Класико“. Тимот од седмото го искачи на третото место на табелата.

Во наредната сезона помеѓу останатото го доведе Роберт Просинечки, но и покрај добрите резултати си замина од клубот кон крајот на јануари 1992 година.

Неговото животно дело во тренерската кариера се вика Атлетико Мадрид. Пред преземањето на градскиот ривал го водеше Реал Овиедо за на „Висенте Калдерон“ да пристигне во 1995 година и уште во првата сезона да освои двојна круна во Шпанија. Овој успех се смета за еден од најголемите во историјата на Атлетико и тука после Лутон, во втор клуб беше прогласен за легенда.

Атлетико како животно дело

Диего Симеоено, Милинко Пантиќ, Љубослав Пенев и Кико беа водечките ѕвезди на тој Атлетико кој својата сила ја покажа со победата над грандиозната Барселона во финалето на Купот од 1996 година. Барселона која тогаш беше предводена од Јохан Кројфт.

Антиќ од 1995 до 2000 година дури на три пати го водеше Атлетико. Од тој период се памети двомечот и четвртфиналето од Лигата на шампионите во 1997 година кога Атлетико на својот стадион во голема драма беше елиминиран од Ајакс после продолженија. Тоа беше пној Ајакс кој една сезона претходно беше поразен во финалето од Јувентус и кој две години беше шампион на Европа.

После третиот мандат во Атлетико следуваше враќање во Овиедо, па краток период на клупата на Барселона. Таму го замени Луис Ван Гал на почетокот на 2003 година.

Иако клубот го напушти наредното лето, тоа не беше поради лошите резултати, туку поради изборот на новиот претседател Жоан Лапорт кој со себе го донесе големи промени вклучувајќи ја и тенерската. Антиќ беше наследен од Франк Рајкард.

Во Барса остави слична рана како во Атлетико во Лигата на шампионите. Повторно се играше четвртфинале и повторно пресудија продолженијата. Овој пат на „Камп Ноу“ после 120 минути се радуваше Јувентус предводен од Марчело Липи кој подоцна стигна до финалето каде што изгуби од Милан ан пенали.

Од клубовите Антиќ ги водеше уште Селта Виго (2004), кинеските Шандонг (2012-2013) и Хебеи (2015). Сепак остатокот од неговата тренерска кариера се памети по мандатот на селекторското столче на Србија која ја водеше од 2008 до 2010.

Неговиот успеј најдобро би се објаснил ако се погледнат резултатите на Србија пред и после него. Имено, во квалификациите за ЕП Србија заврши како трета во групата зад Полска и Португалија што не е толку лошо. Меѓутоа ако се земе во предвид дека во тие квалификации ремизираа дома со Финска и изгубија на гости од Казахстан јасно е какви киксеви беа направени.

Со Антиќ во квалификациите за Мундијалот 2010 година Србија беше прва во групата пред Франција, Австрија, Литванија, Романија и Фарски Острови. На Мундијалот во 1. коло запишаа пораз од Гана, но во второто коло ја срушија големата Германија. Во одлучувачкиот натпревар за пласман во осминафиналето на Србија и требаше бод портив Австралија, но беа поразени со 2:1. До 69. минута „Орлите“ беа подобар противник на теренот за само во пет минути да примат два гола. Во 84. минута намалија на 2:1, меѓутоа сепак не постигнаа уште еден гол за да се пласираат помеѓу најдобрите 16.

После Антиќ Србија ја водеа дури осум различни селектори со тоа што Радован Чуриќ два пати седнуваше на селекторското столче. Од сите нив само Славољуб Муслин успеа да ја однесе Србија на едно големо натпреварување (Мундијалот во 2018), но доби отказ набрзо после краот на квалификациите.

Да се биде легенда на три различни места (Лутон, Атлетико, Србија), во три различни земја го можат само уникатните, а Мистер Антиќ беше токму таков.

Почивај во мир Мистер…