Бициклистичките шорцеви одамна повеќе не се резервирани само за теретана и тренинг.
Денес се едни од најмодерните, најпрактичните и ненадејно шик парчиња кои можете да ги носите во текот на целиот ден, особено во топлите месеци кога удобноста е исто толку важна колку и стилот.
Нивната најголема предност е тоа што лесно се прилагодуваат на различни модни правци. Со едноставна маица и патики добивате спортски, лежерен изглед без труд. Со оверсиз кошула добивате тој кул, „off-duty“ моден ефект кој го гледаме кај модните инфлуенсерки на улиците на модните престолнини. А кога ги спарите со структуриран блејзер и минималистички аксесоари, бициклистичките шорцеви влегуваат во сосема друга, порафинирана зона – модерна, урбана и доволно дотерана дури и за вечерен излез.
Токму таа разновидност ги лансираше во статус на омилено парче на модните инсајдери. Не следат само еден стил, туку ви даваат слобода да експериментирате, да се играте со пропорции и да градите комбинации кои балансираат помеѓу удобно и елегантно. Она што некогаш беше исклучително функционално парче, денес е моден израз кој лесно се вклопува во современа, опуштена, но промислена гардероба.
Инспирација побарајте во галеријата фотографии.