Министерот Филипче ја објасни причината за смртта на Драган Вучиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на македонското здравство, министерот Венко Филипче преку својот профил на Фејсбук упати сочуство на семејството на Драган Вучиќ кој денеска почина поради компликации од корона вирусот.

„Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и ТВ водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на одделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските“, напиша Филипче на својот профил.