Силниот ветар преврте полициски хеликоптер на скопскиот аеродром – нема загинати


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како последица на силниот ветар, хеликоптер на МВР се преврте на пистата на скопскиот аеродром. За среќа, во инцидентот нема загинати, а повреден е само еден член на екипажот.

Полициски хеликоптер се превртел околу 11:30 часот на пистата на скопскиот аеродром. Од МВР потврдија дека хеликоптерот по слетувањето се превртел најверојатно поради силните налети на ветрот. Екипажот и пилотите кои биле внатре во превртениот хеликоптер се водобра состојба, а еден од нив имал повреди, велат за Телма од МВР. .

Хеликоптерот бил планиран за лет во рамки на тренажен процес, односно за обука на екипажот. Пред полетувањето хеликоптерот од тип МИ17 полнел гориво и тогаш на платформата се превртел на пистата. МВР соопшти дека еден припадник на екипажот е полесно повреден. На лице место увид вршат припадници на полицијата, а истрагата ја води комисијата за испитување на сериозни воздухопловни инциденти.