Над 3,5 милиони заразени од коронавирус, над 240.000 починати во светски рамки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според најновите статистички податоци за состојбата со коронавирусот во светски рамки, од КОВИД-19 досега се заразени 3, 566, 804. лица. Од нив починале 248 ,304, а оздравеле 1.156,800 луѓе.

Соединетите американски држави се уште се на врвот по црните статистики таму починаа околу 69 000.

Шпанија е на второто место по бројот на заразени, а Велика Британија се изедначи со Италија по бројот на починати и во двете земји има над 28 000 лица кои ја изгубија битката си коронавирусот.

Според Светската здравствена организација (СЗО – WHО), оваа статистика може да се спореди со сезонскиот грип од кој годишно заболуваат меѓу 3 и 5 милиони луѓе во светот, но е неспоредливо со обемот на последиците од шпанскиот грип од 1918 година кога заболеле околу 500 милиони луѓе.

„Но за разлика од грипот, болеста Covid-19 има 10 пати поголема стапка на смртност кај сите возрани групи“, вели Питер Колињон, експерт за инфективни болести во болницата во австралиска Канбера.