Мапа од 20-годишното движење на еден орел предизвика чудење со еден детал

Фахд Каш од Саудиска Арабија, сосема случајно пронајде починат орел кој на себе имал прицврстен уред за следење на неговото движење.

На уредот имало е-меил од сопственикот, па младиот Фахд одлучил да го контактира лицето од другата страна на електронската пошта. Се покажало дека починатата птица овој GPS го носела на себе цели 20 години и дека истиот бил поставен во Русија.

Во дваесетгодишниот период од следењето на неговото движење се забележани сите локации кои ги посетил орелот во текот на неговиот живот. Грабливецот прелетал многу земји, но она што ги заинтригира експертите е еден факт кој може да се констатира од неговото дведецениско движење.

Орелот целиот свој живот се држел подалеку од морето и никогаш не прелетал некои морски води, пренесува Bored Panda. Зошто грабливата птица го избегнувала морето засега останува непознато.

Податоците беа објавени на Фејсбук профилот од Националните паркови на Пакистан. На социјалите мрежи веднаш беа пласирани теории за ваквото однесување на орелот.

„Можеби не можел да види копно од висината на која би летал преку морето?“, „Можеби поради телесната температура“ беа само некои од многуте претпоставки кои корисниците на социјалните мрежи ги пласираа во овој контекст.