Актуелно

Блерим Река ги собра потребните потписи за претседателската кандидатура

Кандидатот на Алијанса на Албанците и на Беса, професорот Блерим Река, собра доволно потписи од граѓаните за да се кандидира за претседател на престојните избори. Од неговото седиште велат дека за помалку од 15 часа се собрани преку 11.000 потписи.

-Независниот кандидат, проф. Д-р Блерим Река, сега и официјално е кандидат за претседателските избори во Северна Македонија. Треба да се напомене дека за помалку од 15 часа, г-дин Река го поддржаа илјадници граѓани, кои со преку 11.000 потписи, ја потврдија силната поддршка за неговата кандидатура. Им се заблагодаруваме на структурите на политичките партии, на Алијансата за Албанците и на движењето Беса за придонесот и поддршката дадена во процесот на собирање на потписи. Им се заблагодаруваме на сите граѓани за нивната поддршка: во вашата посветеност, ја наоѓаме нашата храброст!, соопштија од неговиот штаб.

Досега сигурни кандидати на изборите освен Блерим Река се и проф. Гордана Силјановска како кандидат на опозициската ВМРО ДПМНЕ и Стево Пендаровски од владејачката коалиција СДСМ – ДУИ.

Advertisements
To Top