Home Спорт Манчестер Сити се пласираше во финалето од Лигата на шампионите

Манчестер Сити се пласираше во финалето од Лигата на шампионите

Манчестер Сити не дозволи некаков пресврт и синоќа со уште една победа се пласираше во финалето од Лигата на шампионите.

Човек на одлуката во вечерашниот реванш беше Ријад Марез кој ги постигна двата гола. Марез прво во 11. минута го отвори резултатот и така го најави пласманот на „граѓаните“ во финалето. ПСЖ напаѓаше меѓутоа недостасуваше реализацијата, Ди Марија во 18. минута не искористи едно лошо додавање на Едерсон.

Ситуацијата околу пласманот во финалето беше решена после еден час игра кога Марез го постигна вториот гол натпреварот. Пет минути подоцна Ди Марија заработи директен црвен картон.

Манчестер Сити сега го чека својот протовник во финалето, а ако тоа биде Челзи кој денес игра со Реал ќе гледаме англиско финале.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…