
Бритни Спирс поминува дел од празничниот викенд со својот најстар син.
Според медиумските извештаи, 44-годишната поп-ѕвезда, позната по хитот „Gimme More“, и нејзиниот 21-годишен син Шон Престон Федерлајн биле забележани на вечера во Њујорк во петокот навечер, на 27 ноември.
На фотографиите и видеото до кои дојде ТМЗ, мајката и синот се гледаат како излегуваат од ресторанот „Сартијанос“ во Сохо.
За излегувањето, Бритни избрала црн минифустан, црвени тантелени ракавици и шапка со широк обод. Шон Престон носел сив дуксер.
Нивната заедничка вечера следувала само еден ден откако пејачката, според извештаите, го прославила Денот на благодарноста со семејството во родниот Кентвуд, Луизијана.
Како што беше претходно објавено, Бритни наводно го поминала празникот со родителите Џејми Спирс и Лин Спирс, помладата сестра Џејми Лин Спирс и со двајцата синови.
Таа ги има Шон Престон и 20-годишниот Џејден Џејмс Федерлајн од бракот со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Претходно месецов, Бритни преку Инстаграм му се извини на семејството по неодамнешните коментари за нивните нарушени односи.
„Вистински благослов е што имам толку прекрасно семејство“, напиша таа во објавата, која подоцна беше избришана, објаснувајќи колку ѝ недостигаат.
Бритни засега јавно не потврди дека се собрале за Денот на благодарноста. Нејзината мајка, пак, во четвртокот објави порака на благодарност на Инстаграм, опишувајќи го годинешниот празник како „особено посебен“.
Извор: Just Jared