eBay е отворен за можноста криптовалутите да се прифатат како платежно средство на платформата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од американската платформа за интернет трговија eBay истакнуваат дека во идмина би можеле да ја прифатат можноста крипто валути да се користат како средство за плаќање.

– Ние секогаш ги разгледуваме најрелевантните форми на плаќање и ќе продолжиме да даваме такви проценки и во иднина. Немаме непосредни планови, но тоа е (криптовалути) нешто што внимателно ќе го разгледаме”, се наведува во соопштението од „иБеј“.

Извршниот директор на „иБеј“, Џејми Ијаноне во интервју за Си-Ен-Би-Си истакна дека се разгледува опцијата прифаќање на виртуелни валути.

Во соопштението на „иБеј“ се додава дека се разгледува „бројни опции“ за влез во просторот на незаменливите токени (NFT). НФТ токенот не може директно да се разменува за традиционална валута. За разлика од другите криптовалути, секој НФТ е единствен.