Лиам од „Prodigy“ за смртта на Флинт: Нашиот брат си го одзеде животот

Во објава преку официјалниот профил на Инстаграм на бендот „Prodigy“, Лиам Хаулет потврди смртта на нивниот член Кит Флинт и откри дека музичарот се самоубил минатиов викенд.

Лиам, кој е највлијателниот член на Продиџи, преку инстаграм профилот на бендот ја потврди смртта на Кит и соопшти дека се работи за самоубиство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Prodigy official (@theprodigyofficial) on

„Вестите се точни, не можам да поверувам дека го велам ова, но нашиот брат Кит викендов си го одзеде сопствениот живот. Шокиран сум, лут, збунет и со скршено срце… Почивај во мир“, напиша Лиам.

Се претпоставува дека причина за самоубиството е депресија.