Home Шоубизнис Лејди Гага како да има мерак на женети: На сцена го бакнуваше својот оженет трубач

Лејди Гага како да има мерак на женети: На сцена го бакнуваше својот оженет трубач

Само што по малку и полека почнаа да стивнуваат бранувањата на социјалните мрежи во врска со разводот на Бредли Купер со Ирина Шајк и наводната вмешаност и улога на Лејди Гага во сета таа семејна драма, славната пејачка на медиумите и пошироката јавност им даде нова „мамка“ за муабети. И тие загризаа, нормално.

Славната пејачка и пресна актерка Лејди Гага на концерт во Лас Вегас на сцената се бакнуваше со својот трубач Брајан Њуман.

На снимката, која се појави на социјалните мрежи, Гага му пее на Брајан и го држи за рака, а откако го испеа стихот „darling, kiss me“, нежно го бакна во уста.

Откако беше објавен аснимнката од настапот, на Твитер почнаа коментари во кои корисниците се шојкирани, бидејќи Брајан е оженет.

Од тимот на пејачката велат дека бакнежот се случил само поради настапот и дека Гага со Брајан се добри пријатели и еден кон друг гледаат како да се членови на исто семејство.

Инаку Гага сè уште е мета на незгодни прашања и шпекулации во кои често ја посочуваат како главен виновник за распаднатата врска меѓу Купер и Шајк, откако на овогодинешното доделување на Оскарите испеја заедно песна полна со емоции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …