Крајот на 40-годишниото патешествие на Роки Балбоа


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба! ↓↓↓



72-годишната холивудска акциона легенда Силвестер Сталоне на социјалните мрежи објави дека култниот лик Роки Балбоа стигнал на крајот од неговото долго 40-годишно филмско патешествие.

„Од беда до сјај“ – така некако може на кратко да се опише животната приказната на Силвестер, но и онаа на Роки Балбоа – филмскиот јунак кој го запознавме пред 40 години и од кој оваа година ќе се збогуваме засекогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone) on

По четири децении и седум филмови, Сталоне вели дека времето за збогување сепак дошло.

„Ми беше чест да создадам и да глумам ваков важен лик. Иако ова ми го крши срцето, за жал, сите работи мора да завршат. Најважно е дека Роки никогаш нема да умре, бидејќи се уште живее во нас“, напиша Сталоне.