Столтенберг: Азилот на Груевски не е проблем на НАТО, туку на Скопје и Будимпешта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека проблемот со азилот на Никола Груевски кој му го додели официјална Будимпешта не е прашање кое треба да го решава НАТО, туку проблем кој треба да го решат Скопје и Будимпешта.

„Не сум јас тој што треба да го коментирам ова. Тоа е прашање што треба да се дискутира меѓу Скопје и Будимпешта“, изјави Столтенберг на прес конференција пред министерскиот состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО со земјите контрибутори во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан, на кој учествува и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Столтенберг уште еднаш го повтори својот став дека Алијансата е подготвена да го потпише пристапниот протокол со Македонија штом биде имплементиран Договорот од Преспа и дека државата треба да ја искористи оваа можност.