Коментар на Димитриевски за шпекулациите дека се сели во дресот на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако во јавноста се појавија непотврдени информации дека македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски е пред трансфер во Барселона, со коментар на овие муабети се јави и Столе лично.

Димитриевски сега се огласи за шпанските медиуми и истакна дека е фокусиран само на настапите со Рајо Валекано.

„Не дозволувам тоа да ми го одвлекува вниманието. Немам никакви информации, не би сакал да знам бидејќи може да влијае врз мене. Јас сум фокусиран само на настапите со Рајо Валекано“.

„Сите сакаме да играме за голем клуб, но јас се фокусирам на мојата работа во Рајо. Среќен сум и задоволен, и секогаш добивам поддршка од сите во клубот. Работиме да се подобриме и да му помогнеме на клубот да биде на највисоко можно ниво“, изјави Димитриевски.