Home Актуелно Смаилов е нов премиер на Казахстан – Русија ќе се повлекува од земјата

Смаилов е нов премиер на Казахстан – Русија ќе се повлекува од земјата

Казахстанскиот претседател Касим Комерт Токаев, на пленарната седница на Собранието на Казахстан ја претстави кандидатурата на Алихан Смаилов за премиерската функција.

Смаилов беше изгласан со мнозинство гласови од сите пратеници на политичките партии, со што стана 12-ти претседател на Владата на земјата.

Смаилов, кој беше прв вицепремиер во претходната влада, го презеде привременото претседателство на владата на 5 јануари, кога владата предводена од поранешниот премиер Аскар Мамин поднесе оставка по протестите против поскапувањата на горивото во земјата.

Во својот прв говор како премиер, Смаилов му се заблагодари на претседателот Касим Комерт Токаев и неговите заменици што му ја дале довербата во тешко време.

Тој наведе дека негова примарна должност е да обезбеди макроекономска стабилност и да ја намали инфлацијата во земјата.

-Сите законски барања на граѓаните ќе бидат евидентирани и имплементирани – истакна Смаилов.

Ова следува по жестоките протести, инциденти, апсења и убиства во централноазиската република поради поскапувања на енергенсите, по што падна владата, а претседателот Токаев побара руска помош за справување со ситуацијата.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјавил дека Казахстан бил мета на меѓународен тероризам и порачал дека Русија нема да дозволи револуција во регионот.

Сепак, Токаев изјавил дека трупите од воениот блок на ОДКБ предводена од Русија ќе почнат да се повлекуваат од Казахстан за два дена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…