Home Вебкафе Балетот „во служба“ на машинската индустрија, резултатот – календариште!

Балетот „во служба“ на машинската индустрија, резултатот – календариште!

„Краснокамск“ е фабрика за машини лоцирана во Пермскиот крај која ги произведува приколките „Експедиција“. Компанијата, во промотивни цели, издаде тематски календар за 2022 година кој ги комбинира балетската елеганција и машинската индустрија во која се фокусирани тие.

За илустрирање беа ангажирани руски балерини кои настапуваат во стилот на модерната кореографија (контемпорари). Девојките во долна облека имитираат делови на приколките кои ги произведува „Краснокамск“.

„Во положбата на телата на балерините на страниците на календарот со малку фантазија можат да се видат влечна руда во вид на буквата А, заден одбојник, подрамка, носачи на страниците (канатите) и други делови на автомобилските приколки „Експедиција“, објаснуваат авторите на календарот.

На секоја страница на календарот има QR код кој може да се скенира со мобилен телефон и упатува на сајтот со детален опис на деловите кои ги произведува фабриката, како и од што ги прави, која е дебелината на металот, итн.

Извор на оригиналот: Русија Бијонд на македонски јазик

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…