Катастрофа во Чешка: Југоисточниот дел од земјата погоден од стравично торнадо – бројот на жртви и повредени расте (снимки)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера вечерта Чешка беше погодена од исклучително ретко, силно торнадо чија разорна моќ резултираше со стравични последици. Бројот на мртви и повредени расте, а штетите се огромни.

Досега е потврдена смртта на пет лица и над 200 повредени. Торнадото погоди неколку градови во југоисточна Бохемија и ги сруши куќите до темел.

Министерот за внатрешни работи Јан Хамачек прогласи вонредна состојба, а премиерот Бабиш ја нарече природната катастрофа апокалипса.

Во тек е потрага по преживеаните закопани во урнатините.

Денес, за време на самитот во Брисел, чешкиот премиер Андреј Бабиш побара помош од Европската унија за регионот Јужна Моравија погодена од разорната бура. Чешка може да добие помош од Фондот за солидарност на ЕУ, што членките го користат во случаи на природни катастрофи.

„Фондот за солидарност на ЕУ има околу една милијарда евра годишно што земјите-членки можат да ги користат ако штетата предизвикана од катастрофа е најмалку 1,5% од БДП на соодветниот регион или 0,6% од БДП на земјата-членка, што во овој случај е 235 милиони евра “, напиша Бабиш.