Екстра

Какви ќе бидат последиците ако нашата планета Земја почне побрзо да се врти?

Во животот постојат доволно нешта за кои треба да сме загрижени. На пример, нуклеарна војна, климатски промени, и дали исправно или погрешно ги четкаме забите.

Земјата која пребрзо се врти можеби не е на врвот на вашата листа, затоа што не постои голема веројатност тоа наскоро да се случи – но и ако се случи, вие би биле премногу мртви за да се грижите за тоа. Без разлика на се, зборувавме со некои експерти за да дознаеме како сето тоа би се одвивало.

Прво, да претставиме колку брзо се ври светот сега. Тоа всушност зависи од тоа каде се наоѓате, затоа што планетата се врти побрзо околу својата половина. Како што се врти Земјата околу својата оска, периметарот е најширок околу екваторот. Па точка на екваторот патува патува далеку подалеку за 24 часа за да сврти околу својата почетна точка, да речеме, Чикаго кој лежи на потесниот пресек на Земјата. За да постигне заради дополнителната разлика, екваторот се врти со 1.037 милји (1,669 км.) на час, додека на Чикаго ми се потребни посмирена (околу 750 милји или 1,207 км./час ) брзина.

 

Ако можеме да ја забрзаме ротацијата на Земјата за една милја (1,6 км.) на час, морското ниво околу екваторот ќе се подигне за неколку инчи, затоа што водата од половите се придвижува кон екваторот. „Потребни се неколку години да се забележи тоа“, вели Витолд Фрашек, аналитичар од ЕСРИ; компанија која прави софтвер за георгафскиот информатички систем (ГИС).

Она што ќе биде најзабележително е излегувањето на сателитите од колосек. Геостационарните сателити вртат окиолу планетата со брзина која соодветствува со ротацијата на Земјата, за да можат цело време да останат на истата позиција. Ако планетата забрза за една милја, на час, тогаш сателитите повеќе нема да бидат на точната позиција, што значи дека сателитските комуникции, телевизиските преноси, и воените и разузнавачките операции можат да бидат попречени, барем привремено. Некои сателити си носат гориво за да можат да ја прилагодат својата позиција и брзина, но други ќе мораат да се заменат, а тоа е многу скапо.

– Ова може да го наруши животот и комфорот на многу луѓе, вели Франшек, „но нема да биде катастрофа за било кого“.

Нештата можат да станат покатастрофални ако повеќе забрзаме.

Губење на тежината

Центрифугалните сили од вртењето на Земјата постојано се обидуваат да ве исфрлат од планетата, слично кога сте на рингишпл. Засега гравитацијата е посиулна и ве држи приземен. Но ако Земјата тгрне да се врти побрзо, ценстрифугалната сила ќе се засили, вели Стен Оденвалд, астроном од НАСА.

Во моментов, ако тежите 80 килограми и се наоѓате во Арктичкиот круг, можеби ќе тежите 79,5 кг. на екваторот. Тоа е затоа што дополнителна центрифугална сила која се создава на екваторот се врти побрзо за да се бори против гравитацијата. Ако го притиснете копчето за забрзување, важата тежина ќе падне уште пониско.

Оденвалд пресметува дека ако евенуално екваторот забрза на 17,641 милји (28,390 км.) на час, центрифугалната сила ќе биде доволно силна практично да немате тежина (Или ако сте се уште жив. Повеќе или помалку).

Постојан „џет-лег“ (физиолошко нарушување заради временските зони)
Што побрзо Земјата се врти, деновите ќе стануваат се пократки. Со забрзување од една милја повеќе, денот ќе стане околу една и пол минута пократок и нашиот внатрешен билолошки часовник, кој е прилагоден прилично точно на 24-часовен режим, тоа веројатно нема ни да го забележи.

Но ако забрзаме за 100 милји од вообичаеното, денот ќе биде околу 22 часа долг. За нашите тела тоа ќе биде како засилен момент на менувањето од зимско на летно сметање на времето. Наместо да го наместиме часовникот еден час назад, тој ќе се смени за два часа секој ден, без можност вашето тело да се прилагоди на тоа. А менувањето на должината на денот најверојатно исто така ќе ги наруши и растенијата и животните.

За нашите тела тоа ќе биде како менувањето на сметањето на времето – набилдано.

Но сето ова би се случило ако Земјата одеднаш забрза. „Ако постепено забрзува со текот на милиони години, ќе се прилагодиме на сето тоа“, вели Оденвалд.

Посилни урагани

Ако ротацијата на Земјата бавно забрзува, тоа ќе влијае и врз атмосферата – и нема да забележиме особено големи разлики во однос на секојдневните движења на ветровите и климата.

– Температурните разлики се уште се главниот двигател на ветровите, вели Оденвалд. Сепак, екстремното време може да стане подеструктивно. „Ураганите побрзо ќе се вртат и во нив ќе се создава повеќе енергија“, дополнува тој.

Причината која влијае врз тој чуден феномен ја спомнавме претходно: Земјата се врти побрзо околу екваторот.

Ако Земјата воопшто не се врти, ветровите од северниот пол ќе дуваат праволиниски кон екваторот, и обратно. Но затоа што се вртиме, патот на ветровите се одвива кон исток. Ова криво движење на ветровите се нарекува ефект Кориолис, а тоа е она што им дава забрзување на ураганите. А ако Земјата побрзо се врти, ветровите уште побрзо ќе се движат кон исток. „Практично тоа ја прави ротацијата на земјата уште поштетна“, вели Оденвалд.

Водениот свет

Дополнителна брзина кон екваторот значи дека водата во океаните таму ќе почне да се подигнува. Со една милја побрзо, екваторот ќе почне да се дави. „Сметам дека базенот на Амазон, Северна Австралија, а да не ги споменуваме островите во еквитаријалниот регион, сите ќе се најдат под вода“, вели Фрашек. „Не сум сигурен колку длабоко под вода, но проценувам дека би било околу 30 до 65 фита (од 9,15 м. до 19,8 м.)“.

Ако двојно ја зголемиме брзината на екваторот, за Земјата да се движи 1000 милји побрзо, „јасно е дека тоа ќе биде катастрофално“, вели Фрашек. „Освен високите планини, како што се Килиманџаро или највисоките врвови на Андите, мислам дека сиот екваторијален регион ќе биде покриен со вода“. Таа дополнителна вода ќе биде повлечна од поларните региони, каде центрифугалната сила е помала, па така Арктичиот Океан ќе стане поплиток.

Во меѓувреме, дополнителната центрифугална сила со 1000 милји на час побрзо значи дека водата на екваторот полесно ќе се бори со гравитацијата. Воздухот ќе стане потежок со влага во тие региони, предвидува Фрашек. Со густа магла и тешки мрачни облаци, овие области најверојатно ќе се соочат со постојани врнежи од дожд – како да им е потребна повеќе вода.

На крајот, со забрзување од 17,000 милји на час, центрифугалните сили на екваторот ќе се изедначат со силата на гравитацијата. По тоа, „ќе доживееме обратен дож“, шпекулира Фрашек. „Капките дожд ќе почнат да одат кон атмосферата“. Во тој момент, Земјата ќе се движи 17 пати побзро отколку сега, и наверојатно тогаш нема да останат многу луѓе во екваторијаниот регион за да се воодушевуваат на тој феномен.

– Ако тие неколкумина останати луѓе останат живо откако поголемот дел од водата се премести кон атмосферата и ндвор од неа, тие најверојатно ќе посакаат да избегаат од екваторот што е можно побзро“, вели Фрашек. „Тоа значи дека ќе се најдат или во поларните региони, или барем на поголема надморска висина“.

Земјотреси

На многу голема брзина – да речеме со 24,000 милји (38,624 км.) на час, и во текот на илјадници години, најверојатно ќе се смени и земјината кора, ќе се сплесне околу половите и ќе се прошири околу екваторот.

„Ќе се појават многу силни земјотреси. Текстонските плоши побрзо ќе се движат и тоа ќе биде катастрофално за животот на планетата“, вели Фрашек.

Бавно тркалање

– Верувале или не, брзината на Земјата постојано флуктуира, вели Оденвалд. Земјотресите, цунамите, големите воздушни маси, и топењето на ледената покривка, сето тоа ја менува брзината на ниво на милисекунди. Ако еден земјотрес голтне дел од почвата, со што макар и делумно ќе се смени периметарот, и ефективно ќе се збрзува онака како Земјата ќе ја заокружува својата ротација. Големите воздушни маси ќе го дадат спротивниот ефект, и ќе го успорува забрзувањето исто како што лизгач на мраз успорува кога е со испружени раце наместо да ги припие до телото.

Со текот на времето и брзината на ротацијата на Земјата се менува. Пред околу 4,4 милијарди години, се формирала месечината откако нешто големо удрило на Земјата. Оденвалд смета дека тогаш нашата планета имала облик на сплескана фудбалска топка и се вртела толку брзо што секој ден најверојатно било четири часа долг.

-Тој нстан драматично го изобличил обликот на планетата и скоро целосно ја фрагментирал Земјата, вели Оденвалд. „Дали ова повторно ќе се случи? Па да се надеваме не“.

По формирањето на месечината, брзината на ротацијата Земјата забавува за скро 3,8 (6,11 км.) милји на секои десет милиони години, најчесто заради влијанието на гравитациската сила на месечината врз нашата планета. Па затоа најверојатно брзината на Земјата во иднина ќе успорува, а нема да забрзува.

– Не постои логичен начин Земјата толкиу драматично да забрзува, вели Оденвалд. „За побрзо да се врти, треба да биде удрена на вистинско место од вистински објект, а тоа ќе ја претвори земјината кора во течност, па и така сите ќе бидеме мртви“.

(Извор: А1Он)

To Top