Home Спорт Каква легенда: Тој е првиот фудбалер во 21. век кој постигнал 50 хет-трика во петте најсилни фудбалски лиги

Каква легенда: Тој е првиот фудбалер во 21. век кој постигнал 50 хет-трика во петте најсилни фудбалски лиги

Со последниот хет-трик со кој сам го реши Норвич и му донесе три бода на Манчестер Јунајтед (3:2) со кои остана во трката за место кое води во Лига на шампиони, Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер во ХХI век кој постигнал неверојатни 50 хет-трика, натпревари на кој дал по најмалку три гола во Топ5 лигите.

44 хет-трика има во дресот на Реал Мадрид а по 3 за Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Со трите гола на мечот на Јунајтед против Норвич (3:2) во 33. коло од Премиер лига Кристијано Роналдо стана играч со вкупно 60. јубилејни хет-трик учиноци во кариерата. 10 од нив му се во репрезентативниот дрес на Португалија.

Ова е светски рекорд. Втор на таа листа е Лео Меси кој има 5 хет-трика помалку. Евроголот од слободен удар на Роналдо против Норвич му беше негов 58-ми погодок од слободен удар во кариерата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…