Изби пожар на „Олд Трафорд“!


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Стадионот на Манчестер Јунајтед утрово го зафати пожар, а според англиските медиуми зафатена била трибината „Сер Боби Чарлтон“.

Противпожарните служби брзо се справиле со огнот и спречиле пожарот да се прошири на останатите трибини од стадионот.

Настанот го потврди и Манчестер јунајтед преку соопштение:

„Клубот може да потврди дека утринава имаше мал пожар на трибината „Сер Боби Чарлтон“ кој брзо беше идентификуван. Противпожарните служби брзо го изолираа инцидентот и ефикасно се справија со огнот. Има минимални оштетувања, но нема повредени“.

„Откако утрово околу 7 часот беше јавено за пожар на ‘Олд трафорд’ за брзо време пристигнаа три екипи од противпожарните служби. Успеавме да го изолираме пожарот и да спречиме негово ширење. Се уште сме на стадионот. Во моментов се проверува остатокот од стадионот како би се спречиле нови несакани последици“, се вели во соопштението од противпожарните служби.