Италијанците се спринтерското чудо на Олимпијадата – го освоија златото и на штафетата 4х100 метри


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Продолжува одличната спортска година за Италија. Италијанските спринтери во Токио се победници и во штафетата четири пати по 100 метри.

Предводени од шампионот на 100 метри Марсел Ламонд Џејкобс Италија изненади и дојде до златото. Херојот беше Филипо Торту кој во последната измена во финишот го престигна Нетенил Мичел-Белјк од Велика Британија.

Ова е прво штафетно злато во историјата на Италија и до него дојдоа со време од 37.50 секунди. Бронзата ја освоија Канаѓаните.