Интернет Експлорер згаснува во 2022 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Интернет Експлорер”, пребарувачот на Мајкрософт кој беше лансиран во 1995 година и доминираше на пазарот на пребарувачи повеќе од 10 години, спакуван во „Виндоус”, што клиентите често го инсталираат на новите компјутери, ќе згасне во 2022 година.

Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт” денеска соопшти дека на 15 јуни 2022 година ќе го затвори „Интернет експлорер” (Internet explorer) и ќе се фокусира на „Еџ” (Edge) за да се обиде да парира на водечката позиција на „Гугл хром” (Google Chrome).

„Интернет експлорер” е лансиран во 1995 година, одеше во пакет со „Виндоус”, што клиентите често го инсталираат на новите компјутери.

Пред две децении, „Мајкрософт” беше обвинета поради тој пакет, а американски судија пресуди дека компанијата ги прекршила правилата за конкуренција.

„Мајкрософт” ја обжали пресудата, но повисокиот суд ја потврди, а компанијата продолжи да го инсталира „Интернет експлорерот” во „Виндоус”.

Кон крајот на 2000-те, позицијата на „Интернет експлорер” беше загрозена од „Гугл хром”, а пребарувачот на „Mајкрософт” стана предмет на безброј мемови кои ја исмеваа неговата бавност во споредба со конкуренцијата. За да одговори на конкуренцијата, „Мајкрософт” го претстави пребарувачот „Еџ” во 2015 година, што ја користи истата технологија како „Гугл хром”.