Home Спорт „Хуго сега е мит“: Топката ја допре 38 пати и постигна 38 гола

„Хуго сега е мит“: Топката ја допре 38 пати и постигна 38 гола

Хуго Санчез е фудбалска легенда кој четири пати во низа беше најдобар стрелец во шпанската лига во 80-тите години на минатиот век, а потоа Балтазар од Атлетико во 1989 година ја прекина неговата низа.

Веќе во следната сезона стигна одговорот на Санчез и тоа на неверојатен начин. Мексиканскиот напаѓач во дресот на Реал постигна 38 голови, а во историјата влезе затоа што верувале или не сите голови ги постигна со еден допир.

Головите ги постигнуваше со десна, лева нога, ножички, прсти, лизгачки стартови, пенал, слободен удар…

„Хуго сега е мит“ беше насловот од статијата која му ја посвети „Марка“.

Инаку, вчера се навршија 30 години од кога Мексиканецот постигна хет-трик со три допири во Овиедо и го изедначи рекордот по бројот на голови на Зара. Подоцна неговиот рекорд го сруши Роналдо кога во сезоната 2010/2011 постигна 40 голови.

Санчез во Реал се задржа две години, а кариерата ја заврши во 1997 година во Мексико.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…