Хорори од реалноста: Шест вистинити приказни за луѓе кои исчезнале без трага


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дека стварноста некогаш е почудна и од фикцијата доказ се овие шест вистинити приказни за луѓе кои исчезнали и никој никогаш веќе не ги видел ниту чул нешто за нив. Приказните ги пренесува интернет странта The Charity Project, која претставува своевиден каталог на исечзнати лица.

1. Семејството Мартин и двајца бивши криминалци

Семејството Мартин од Портлан, сојузна држава Орегон, на 7 декември, 1958 година, заминало во набавка на божиќни украси и никогаш не се вратиле дома.

Освен брачниот пар Кенет и Барбара, исчезнале и нивните три ќерки: Барбара (14), Сузан (13) и Вирџинија (11). Неколку месеци подоцна, телата на Сузан и Вирџинија биле пронајдени на брегот од една река, оддалечени едно од друго на 50-тина метри.

Полицијата првично мислеше дека можеби нивниот автомобил во сообраќајна несреќа завршил во реката, но бидејќи ниту останатите членови од семејството, а ни семејниот автомобил, не беа пронајдени, нивната судбина остана неразрешена мистерија.

Целата приказна дополнително ја искомплицира и фактот дека на денот на нивното исчезнување, полицијата на тоа подрачје уапсила двајца бивши робијаши со украдена пушка, но не успеале да ги поврзат со овие два случаи.

2. Боби Данбар и генетската анализа

Четиригодишниот Боби заскитал од своето семејство, а потрагата по него траела дури осум месеци. Полицијата го пронајде четиригодишното момче во Мисисипи, живо, со Џулија Андерсон. Иако и таа и нејзиниот партнер тврделе дека момчето е нивно синче, родителите на Боби тврделе дека станува збор за нивното дете.

Бидејќи сето тоа се случувало во 1912 година, не постоел начин да се докаже чие дете е четиригодишното момче, а бидејќи Џулија немала пари за адвокат, старателството им било доделено на Перси и Леси Данбар.

Момчето целиот негов живот го поминало како Боби Данбар, а дури во 2004 година со генетска анализа било докажано дека тој не е во никакво сродство со своите наводни родители со кои го поминал цел живот.

3. Били Гафни и Бабарога

Во 1927 година, четиригодишниот Били заминал да си игра со своето тригодишно другарче во нивната зграда во Бруклин, Њујорк. Само неколку минути подоцна двете деца исчезнале.

Помалото дете подоцна било најдено на покривот од зградата, а на полицајците им раскажало дека Били го украла Бабарога, односно постар господин со бели мустаќи.

Тој опис одговарал на ликот од серискиот убиец Алберт Фиш, кој подоцна признал дека го убил Били, но неговото тело никогаш не беше пронајдено.

4. Евелин Хартли и чувањето деца

Приказната исчезнувањето на Евелин Хартли звучи како да е сценарио за хорор филм. 15-годишната Евелин заминала да чува деца како замена за редовната дадилка на едно семејство.

Кога не им се јавила на родителите во договореното време, тие неколку пати се обиделе да ја добијат на телефон. Потоа, нејзиниот татко отишол лично да ја побара.

Кога стигнал до куќата, наишол на заклучена врата, вклучени светла и вклучено радио. Бебето кое Евелин требало да го чува мирно си спиело во лулката, а од неговата ќерка немало ни трага.

Имајќи во предвид дека нашол скршен прозор, а ги нашол и нејзините очила за гледање, скршени на подот во дневната соба, веднаш повикал полиција.

Во подрумот го пронашле едниот чевел од Евелин и траги од крв во дворот. Кучињата трагачи, следејќи го нејзиниот мирис, отише во потрагата два блока подалеку од куќата и одеднаш запреле. Полицијата претпоставува дека киднаперот на тоа место ја затворил Евелин во автомобил и заминал со истиот во непознат правец.

Иако после нејзиното исчезнување организирана е една од најголемите потраги во државата Висконсин, Евелин никогаш не беше пронајдена. Во случај да го преживеала киднапирањето, денес би имала 81 година.

5. Брус Кремен и кампувањето

Шестгодишниот Брус исчезнал за време на групното кампување во кое учествувале 80 деца. Иако неговото исчезнување било забележано само неколку минути откако го снемало, детето никогаш не беше пронајдено.

Прво се сметаше дека малиот се загубил во шумата, но бидејќи деталното пребарување и истрага не вродија со никаков резултат, а не беше пронајдено ни неговото тело, подоцна неговото киднапирање му беше припишано на серискиот убиец Мак Реј Едвардс.

Во времето на исчезнувањето на Брус, Едвардс работел на реновирање на патот и се верува дека телата од своите жртви ги закопувал под асфалтот. Иако ги признал убиствата на неколку други деца, Едвардс до смртта не признал дали го убил Брус, но многумина и денес се убедени во неговата вина во случајот со Кремен.

6. Децата од семејството Содер и пожарот

На Бадник, 1945 година, од нивната куќа во Западна Вирџинија исчезнаа петте деца од семејството Содер. Пет од вкупно десетте дечиња на Содерови ги замолиле родителите да ги пуштат уште малку да си играат со божиќните подароци, на што родителите се согласиле и заминале на спиење оставајќи ги децата со играчките.

Во еден момент, мајката ја разбудил телефонски повик, а кога на лицето од другата страна на телефонската линија му рекла дека никогаш не слушнала за човекот кој тој го бара, тој само се насмеал. Подоцна, таа забележала дека сите светилки во куќата биле вклучени, завесите тргнати, а вратата отклучена.

Во два ноќта повторно ја разбудил чуден звук и сфатила дека куќата им се запалила. Таа, сопругот и пет од нивните деца среќно се извлекле од пожарот, но петте дечиња кои замолиле уште малку да си играат со подароците, исчензале и никогаш не биле пронајдени.

Официјалниот извештај со кој се затворила истрагата заклучил дека децата загинале во пожарот. Но, мистерија е како нивните тела никогаш не биле пронајдени, а двајцата родители до нивната смрт верувале дека децата им се живи.