Златна венчаница, светци и длабоко деколте – српска венчавка стана хит на интернет


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Снимката од венчавката на вицепрвакот на светот во џудо, Срѓан Мрваљевиќ, и неговата долгогодишна девојка Тамара стана хит на социјалните мрежи, а кога ќе го изгледате видеото ќе ви стане јасно и зошто.

Невестата на венчавката носеше златна венчаница, со златен појас околу половината. Снимката е проследена од песна во која се спомнуваат светци, ангели, прстен на вечноста и уште многу други работи.

Венчавката беше направена во јули оваа година, но дури сега стана хит на социјалните мрежи. Снмимката на Vimeo досега надмина 400.000 прегледи.

Мрваљевиќ, по потекло од Црна Гора, порасна во Белград, а српските медиуми пишуваа дека е поврзан со тамошното криминално милје. Српски „Блиц“ пренесе дека кум на Мрваљевиќ му бил Лука Радуловиќ, дилер на кокаин кој беше убиен во април оваа година.

За Тамара се знае малку, но српските медиуми ја нарекуваат „старлета“ и пишуваат дека се подложила на голем број естетски корекции и операции.