Google во чест на Игназ Семелвајс и миењето раце


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Унгарскиот лекар Игназ Семелвајс е важен пионер во областа на епидемологијата кој во 1847 година ја намалил стапката на смртност кај новороденчиња во една виенска болница со воведување на процедура на дезинфекција. Семелвајс ја потенцирал огромната важност на миењето раце и одржувањето на нивната чистота за спречување на ширење на инфекциите.

Неговите наоди биле објавени во 1850 година, но неговиот труд бил лошо прифатен од неговите колеги, кои не ја поддржувале оваа процедура. Дезинфекцијата не почнала пошироко да се употребува сè додека британскиот хирург Џозеф Листер не ги „открил“ антисептиците во 1865 година земајќи ја предвид работата на Луј Пастер.